1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

И излекуваните од Ковид-19 ќе смеат во кафеани

ЖА | МИА
14 август 2021

Министерот за здравство најави и една нова мерка: освен на вакцинираните, во угостителските објекти и на настаните на отворено ќе им биде дозволен влез и на лицата кои прележале Ковид-19.

Nord-Mazedonien: Venko Filipce, Gesundheitsminister
Фотографија: Regierung Nordmazedonien

Бројот на новодијагностицирани и хоспитализирани со Ковид-19 нагло расте, во следните недели ситуацијата може да биде критична, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче. Тој меѓутоа уверува дека здравствениот систем е подготвен за новиот бран на коронавирус, потенцирајќи дека вакцинацијата е безбедна, ефикасна и ефективна.

Зголемување на бројот на новодијагнностицирани и на хоспитализирани пациенти има посебно во неколку градови како што се Тетово, Гостивар, Кичево, Куманово…

„Тука се исполнуваат инфективните одделенија, дел од пациентите се префрлаат во Скопје. Инфективната клиника е пополнета со овие пациенти, секако и со дел од пациенти кои се дијагностицирани во градот Скопје. Сега се активираат останатите ковид центри.  Спремни сме да го дочекаме притисокот од овој бран," рече Филипче, кој денеска беше во посета на Општата болница во Охрид каде разговарал со директорите на болницата и Центарот за јавно здравје за состојбата со болни од Ковид-19, подготовка на капацитетите и евентуалниот прием на болни од други градови.

-повеќе 

Ниту еден вакциниран не починал од ковид

Стравот од рестрикции ја забрза вакцинацијата

Ваксери и антиваксери во жестока „битка“ околу рестрикциите против Ковид-19

Најмногу вакцинирани во Скопје и во Битола, најмал интерес во Кичево и во Дебар

Според министерот, анализата покажува дека посебно е голем бројот на новодијагностицирани во градови каде што прилично е мал опфатот со вакцинацијата односно изнесува околу 20 до 23 проценти.

„Од вкупно 3497 пациенти кои се дијагностицирани изминатите седум дена, 3047 се невакцинирани, што значи дека само десет проценти од инфицираните се вакцинирани и се позитивни и тие кои се на лекување во болница имаат прилично стабилна состојба", рече Филипче.

Дополнително, вели тој, охрабрува тоа што од вупниот број вакцинирани во земјата, од околу 400.000 ревакцинирани и околу 500 илјади со прва доза, само 0, 002 проценти се заразиле.

Излекуваните од Ковид-19 смеат во кафеана и на настани

Министерот за здравство најави и една нова мерка: освен вакцинираните, во угостителските објекти и на настаните на отворено ќе им биде дозволен влез и на лицата кои прележале Ковид-19.  Овие лица, како што изјави Филипче, доволно е да поседуваат медицинска потврда дека биле заболени од Ковид -19 во рок не подолг од 45 дена.

Министерот нагласи дека новите рестриктивни мерки кои треба да стартуваат од понеделник се во насока на зашита на јавното здравје.

„Такви мерки се воведени во сите развиени земји во Европа и во светот. Во принцип за сите важи потребата од приложување сертификат за вакцинација, единствено што е воведено како забрана е огранизирање свадби и веселби во затворен простор, од причина што на такви прослави тешко се спроведуват и запазуваат протоколите за заштита", рече Филипче.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми