1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Филип Лам се простува од репрезентацијата

БГ/дпа18 јули 2014

Капитенот на фудбалската репрезентација на Германија, Филип Лам најави повлекување од националниот тим по освојувањето на светската титула во Бразил.

Фотографија: AFP/Getty Images

Филип Лам ќе се пензионира од националниот тим, потврдено е денеска од страна на неговиот агент. Одлуката на Лам е големо изненадување за германската фудбалска јавност и се случува само неколку дена по големата прослава во Берлин на освоената четврта светска титула на Мундијалот во Бразил.

Агентот на 30-годишниот играч на Бајерн Минхен досега не ги објасни причините за повлекувањето. Лам неколку години ја предводеше репрезентацијата и важеше за клучен елемент во стратегијата на селекторот Јоахим Лев.

Освојувањето на светската титула е врвот во кариерата на Лам, во која тој се закити и со титула во Лигата на шампионите, шест титули во Бундеслигата и шест германски купови.

Репрезентативната кариера Лам ја започна во февруари 2004 година во победата на Германија над Хрватска од 2:1. За Германија одигра 113 натпревари и постигна пет голови.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми