Филип Рикер во посета на Македонија
19 август 2012Заменикот помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија Филип Рикер, по покана од претседателот Ѓорге Иванов, од денеска до 25 август ќе престојува во посета на Република Македонија, соопшти американската амбасада во Скопје.
Како што се наведува, Рикер ќе се обрати на отворањето на Конференцијата на Школата за млади лидери на претседателот Иванов, што ќе се оддржи утре во Охрид.
Посетата ќе ја искористи за средби и со претставници на македонската влада, бизнисмени и лидери на етничките заедници. Рикер ќе сретне со амбасадорот на САД во Македонија, Пол Волерс и со вработените во амбасадата на САД.
Заменикот помошник државен секретар Рикер ќе посети и други земји во регионот.
Ова е втора посета на амбасадорот Рикер на Македонија оваа годинава