Кремот на меѓународната филмска индустрија по 70. пат се собира во францускиот Кан. Во трката за Златната палма е и еден германски филм. Има и други изненадувања
Реклама
Возбудата околу плакатот на фестивалот полека се смирува пред отворањето на 17 мај. На него е ретуширана фотографија, стара 60 години, на Клаудија Кардинале. Дискусиите кои ги предизвика фотографијата всушност беа дел од дебатата за преслабите манекенки во Франција.
Во центарот на вниманието на отворањето се две француски актерки, Марион Котијар и Шарлот Гејнзбург кои се дел од екипата на „Духовите на Исмаел“- филм на Арно Деплешан. Во филмот е прикажана судбината на еден човек (Матје Амалрик) кој не може да ја прежали загубата на љубената. Филмот се прикажува вон конкуренција.
Останатите детали погледнете ги во галеријата со фотографии:
Филмски фестивал во Кан по 70. пат
Кремот на меѓународната филмска индустрија по 70. пат се собира во францускиот Кан. Во трката за Златната палма е и еден германски филм. Има и други изненадувања
Фотографија: Reuters/E. Gaillard
Фестивалскиот плакат ги зовре страстите
Возбудата околу плакатот на фестивалот полека се смирува пред отворањето на 17 мај. На него е ретуширана фотографија, стара 60 години, на Клаудија Кардинале. Дискусиите кои ги предизвика фотографијата всушност беа дел од дебатата за преслабите манекенки во Франција.
Фотографија: Reuters/E. Gaillard
Француско отворање
Во центарот на вниманието на отворањето се две француски актерки, Марион Котијар и Шарлот Гејнзбург, кои се дел од екипата на „Духовите на Исмаел“- филм на Арно Деплешан. Во филмот е прикажана судбината на еден човек (Матје Амалрик) кој не може да ја прежали загубата на љубената. Филмот се прикажува вон конкуренција.
Фотографија: Jean-Claude Lother/Why Not Productions
Приватниот живот на легендарниот режисер
Во конкуренција за Златната палма се 18 филмови. Особено голем интерес привлекува новиот филм на Мишел Азанависијус „Бележит“ во кој се раскажува врската меѓу познатиот режисер Жан- Лик Годар и актерката Ане Вјаземски.
Фотографија: Les Compagnons du Cinéma - Photo Philippe Aubry
Во конкуренција и Фатих Акин
Германскиот филм во Кан се вика „Од ништо“ и е дело на Фатих Акин, а главната улога ја толкува холивудската ѕвезда Дајан Кругер. По минатогодишниот успех на „Тони Ердман“, од Акин се очекува да продолжи по тој пат.
Фотографија: Festival de Cannes
Михаел Ханеке повторно на подиумот?
Михаел Ханеке може да стане првиот режисер во историјата на фестивалот кој три пати ја освоил Златната палма. Новиот филм на австрискиот режисер се вика „Хепиенд“, а водечките улоги ги имаат Изабел Ипер и Жан-Луј Трентињан.
Фотографија: Festival de Cannes
Златната палма повредна од било кога
За јубилејното 70. издание на фестивалот, организаторите се потрудија наградата да изгледа посебно- годинава трофејот не само што ќе ги задржи „стандардните“ 118 грама злато, туку на тоа се додадени и 167 дијаманти. Севкупната вредност- околу 20 илјади евра.
Фотографија: Getty Images/AFP/F. Coffrini
Одлучува Педро Алмодовар
Годинава, жирито го предводи шпанскиот режисер Педро Алмодовар. Во осумчленото жири кое треба да го одлучи победникот седат и германската режисерка Марен Аде, нејзиниот италијански колега Паоло Сорентино и американската актерка Џесика Честејн.
Фотографија: picture-alliance/dpa
Полански во Кан
Легендарниот Роман Полански ќе го прикаже својот нов филм „Базирано на вистинита приказна“ вон конкуренција. Психо-трилерот ќе биде прикажан на крајот на фестивалот.
Фотографија: picture-alliance/dpa/J. Bednarczyk
Новиот филм на Клод Ланзман
Клод Ланзман е легенда на документарната режија. Сега има 91 година, филмот кој го презентира во Кан се вика „Напалм“ и ја раскажува историјата на Северна Кореја. Тој е еден од бројните политички филмови кои се прикажуваат годинава.
Фотографија: picture-alliance/akg-images
Поглед во историјата
Во програмата „Класици“ се прикажуваат најуспешните филмови од последните децении. Меѓу нив е и „Зголемување“ на Микеланџело Антонини.
Фотографија: picture-alliance/maxppp
И ТВ сериите најдоа свое место
Годинава, Кан го прави она што некои други фестивали го започнаа одамна: прикажува и серии. Светска премиера ќе имаат двете нови продолженија на култната серија на Дејвид Линч: „Твин пикс“.
За првпат на фестивалот ќе биде прикажан филм работен во техника на виртуелна реалност. Се работи за дело на мексиканскиот режисер „Месо и Арена“ во траење од 6 минути, кое ја раскажува приказната за бегалците во централна и северна Америка.