1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Финална рунда преговори за Косово

26 ноември 2007

Во Баден, кај Виена, денеска започнува последната рунда преговори меѓу Белград и Приштина со посредство на меѓународната тројка. Резултатот, сеуште неизвесен.

Од претходните преговори во ВиенаФотографија: AP

Српските медиуми неколкудневните преговори во Баден ги споредуваат со конференцијата во Дејтон каде беше договорен мирот во Босна и Херцеговина. Конференцијата во Баден како предигра за Њујорк каде на 10 декември Бан Ки Мун треба да добие детален извештај за резултатот од преговорите. Преговорите од август се водат со посредство на меѓународната тројка која ја сочинуваат претставници на САД, ЕУ и Русија.

На претставникот на ЕУ Волфганг Ишингер досега не му појде од рака да ги приближи ставовите меѓу Белград и Приштина. Шефот на УНМИК на Косово сепак нагласува дека надежта последна умира.

„ До последен момент мораме да веруваме дека ќе дојде до договор, како што изјави амбасадорот Ишингер и останатите, не треба да се остави ниту еден дел кој нема да биде проверен и превртен за да се види дали е можно да се дојде до решение„

Двете страни остануваат на своите ставови

Меѓутоа шансите за такво нешто се мали. Косовските албанци остануваат на ставот за независнсот и меѓународно призната држава. Белград сака да го зачува територијалниот суверенитет и ќе поддржи решение за широка автономија. Претседателот на Србија Борис Тадиќ воочи преговорите во баден уште еднаш го повтори ставот на Белград:

„ Нашата преговарачка позиција е дека нема да прифатиме решение кое би водело кон брза или бавна независност на Косово. Ние не сакаме да му дадеме легитиитет на таквиот процес, ниту сакаме ниту можеме„

Исто така и Русија нагласи дека Косово неможе да добие независност без согласност на Србија.Во досегашните преговори се велеше дека албанците и србите покажале конструктивност. Претставија свои предлози, кои за спротивната страна беа целосно неприфатливи. Победникот на изборите на Косово, лидерот на Демократската Партија Хашим Тачи, најави дека доколку до 10 декември не дојде до посакуваното решение на Косово му останува само еден пат:

„ Косово е зрело и подготвено за независност. Но ние за останатите чекори тесно ќе соработуваме со западот„ изјав Тачи по последните преговори во Брисел.

Опасност од несакани верижни реакции

Инаку некоординираното однесување на албанците може да предизвика верижна реакција за прогласување на независност во регионот. Посебно во Босна и Херцеговина каде србите отворено најавија дека сакаат да се одвојат од со дејтонскиот договор создадената држава.

Од денешен аспект се гледа дека договорот донесе многу нови проблеми. Дванаесет години подоцна Босна сеуште е под меѓународен надзор. Дејтон не треба да биде најдобар пример за денешните преговори во Баден кај Виена.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми