1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фишер во Авганистан

20 април 2004

Германскиот министер за надворешни работи Јошка Фишер денеска патува на четиридневен престој во Авганистан и на Кавказ

Јошка Фишер
Јошка ФишерФотографија: AP

На почетокот тој ќе го посети германскиот тим за обнова во Кундус. Потоа ќе го посети Кабул на разговори со претседателот на Авганистан Хамид Карсаи и со неговиот колега Абдулах Абидулах. Од утре до петок ќе ги посети и Азербејџан, Ерменија и Грузија. Минаа нецели три недели од конференцијата за Авганистан во Берлин. Во сеќавање се ветувањата од милијарди за земјата, анализите за ситуацијата и огромните проблеми со дрогата. Министерто Фишер со намера да стекне слика како да се спроведат заклучоците од конференцијата. Меѓународната заедница се концентрира врз концептот на регионални тимови за обнова. До летото НАТО има намера да воспостави пет нови, со што се би се формирала мрежа за стабилизација. И министерот Фишер таквиот концепт го смета за успешен:

“Сето поради повеќе точки, не само безбедносни, туку да се вкорени проширување на акцијата за обнова што ќе обезбеди засилување на врските меѓу Кабул и провинциите. Сето тоа игра некоја улога“.

На север од Авганистан, во Кундус, Фишер ќе се информира за работата на германскиот цивилно-воен тим каде што се стационирани околу 230 германски војници. Трговијата со дрога, остатотоците од талибански и борци на Ал Каеда, како и господарите на војната и нивните милиции се големата опасност за стабилноста на Авганистан, а со тоа и за планираните избори во септември. Милициите до средината на идната година постепено треба да бидат разоружани. Подготвена е програма на авганистанската влада со јапонска поддршка. Фишер и претседателот Карсаи ќе разговараат за нејзиното спроведување. За организацијата на изборите германскиот министер ќе разговара со специјалниот пратеник на Обединетите нации Жан Арно:

“Изборите не можат да се одржат само со апел, туку се потребни и соодвтени средства. Ние ќе учествуваме директно со два милиона евра околу организацијата на изборите, при што решавачка улога игра регистрацијата на избирачите“.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми