Фишер во Ерусалим
16 март 2005И генералниот секретар на ОН, Кофи Анан, е воздржан во јавноста кога станува збор за дипломатски иницијативи или други обиди за внесување движење во израелско-палестинските преговори за мир. Очигледно, поводот за посетата не е соодветен за водење политика на цел глас. Слично се однесуваше и германскиот министер за надворешни работи, Јошка Фишер. Тој ги сретна израелските опозициони политичари и членовите на израелската влада, но пред јавноста говореше само неколку минути.
Со израелскиот министер за надворешни работи, Силван Шалом и потпретседателот на владата, Шимон Перес, Фишер разговарал околу најновиот развој на мировниот процес. На крајот, околу улогата на палестинскиот претседател, Махмуд Абас, изјави:
“Мислам дека Махмуд Абас има тешка работа. Тој, според мене, ја врши добро. Решавачки е да му се стави дефинитивен крај на теророт, да се вратиме на маса за преговори и да постигнеме согласност околу базата за компромис меѓу Палестинците и Израел.“
Фишер, првично, имаше намера да разговара и со Абас, како и со палестинскиот премиер, Ахмед Кореи и министерот за надворешни работи на Палестинците, Ал Китва, но непосредно пред патувањето во регионот тој ја скрати својата посета за еден ден и средбите со палестинската страна отпаднаа. Шефот на германската дипломатија го поздрави за денеска планираното повлекување на израелската армија од палестинскиот град Јерихо. Тоа е конкретен чекор напред, рече тој, и тоа беше целата дипломатија што мина преку неговите усни.
Во центарот на посетата на Фишер на Израел е отворањето на новиот музеј во спомен на жртвите на Холокаустот, Јад Вашем. Заедно со 40 други шефови на држави и влади и министри, Фишер присуствуваше на свеченоста во Ерусалим:
“Мислам дека е ова важна посета во момент кога се отвора новиот Јад Вашем, а за еден Германец е тоа постојано конфронтација со најтемните моменти од нашата историја, одговорноста на нашата земја за Холокаустот. Одговорност која не минува и пред која и ние како помлада генерација мораме да се исправиме. Тоа ја објаснува нашата особена поврзаност со Израел и нашето залагање за правото на Израел да егзистира, и правото на неговите граѓани да живеат во мир, како што е случајот кај нас. “