1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фишер во посета на Словенија

3 февруари 2004

Цел на преговорите за Европскиот устав мора да биде усогласување на националните и европските интереси, изјави денеска министерот за надворешни работи на Германија Јошка Фишер, за време на неговата посета на Словенија.

Шефот на германската дипломатија Јошка Фишер денеска претседаваше со тркалезна маса за Европската Унија, која се оддржа во рамките на десетото советување на словенечката дипломатија во Брдо, во близина на Крањ.

Говорејќи пред словенечките дипломати, Фишер истакна дека националните интереси на државата се легитимен елемен на нејзината надворешна политика која соодветствува со преговарачкиот процес за донесување на уставот, но не смее да се заборави дека постои и европски интерес. Доколку преговорите за уставот пропаднат, загубата ќе ја почувствува целата Европска Унија. Фишер и неговиот словенечки колега Рупел исто така оценија дека при натамошните преговори за уставот треба да се земат предвид договорите усвоени во рамките на меѓувладината конференција и министерскиот состанок во Неапол, со што би се избегнал повторен почеток на преговори врз основа на нацрт уставот.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми