1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фишер во Хрватска

2 јуни 2004

Германија ќе се залага Хрватска да добие статус на кандидат за членка на ЕУ

Јошка Фишер
Јошка ФишерФотографија: AP

Германија ќе се залага Хрватска да добие статус на земја кандидат за членка на ЕУ на претстојниот самит во Брисел на 17 и 18 јуни , истакнаа министрите за надворешни работи на Германија и Хрватска, Јошка Фишер и Миомир Жужул по средбата во Загреб.

Хрватска, направи голем напредок на полето на демократијата, економијата, но и помирувањето и верувам дека европската комисија, поаѓајќи од сето тоа, ќе донесе позитивна одлука за Хрватска, Рече Фишер, кој изминативе два дена е во посета на Хрватска.

Тој нагласи, дека Греманија, енергично ќе се залага Европската Комисија да донесе исправна одлука за Хрватска и додаде, дека напредокот на Хрватска е значаен и за соседите, пред се за Си ЦГ, Косово и БиХ.

ЕУ, со загриженост гледа на случувањата на Косово, и тука ни се потербни партнери, во оние кои сега и се придружија на унијата, но и во тие кои се наоѓаат на тој пат, рече Фишер

Говорејќи за побројната ЕУ, тој оцени дека проширувањето на унијата не значи само економски напредок туку и политичка стабилизација.

Развојот на ЕУ е базиран на взаемност, прв пат во историјата не се работи за тоа некој да добива а друг да губи, рече Фишер, кој оствари средба и со премиерот на Хрватска Иво Санадер.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми