1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Флајбординг - летање над вода

Гинтер-Петер Плог / Александар Методијев9 август 2014

Скокање како делфин или летање како супермен - ова е можно со флајборд под нозете. Новиот воден спорт привлече повеќе илјади вакви хоби-пилоти ширум светот.

Фотографија: DW

Најчесто флајбордингот го има во области каде парите не играат никаква улога: Дубаи, Доха или Абу Даби. Во меѓувреме курсеви за флајборд има и во близина на Берлин.

„Ова лебдење од вода во воздух, или лебдење над водата, е секако неверојатно. Луѓето одново и одново се фасцинирани и секако сите сакаат да пробаат. Значи, за да се има ова чувство да се лебди над водата. Сметам дека ова е атрактивно“, објаснува Мелани Бергер, флајбордерка.

„Да, ова чувство на слобода на бордот - тоа е неверојатно. Мора еднаш да се проба, оти тешко може да се објасни со зборови“, вели флајбордерот Кристофер Гутвасер.

Хобито во секој случај е скапо. За еден час обука мора да се платат речиси 300 евра. Специјалниот скутер на вода чини околу 19.000 евра, а на тоа се додаваат 10.000 евра за флајбордот. Сепак, еднаш да се лета како Супермен - тоа е сон на многумина.

Еден час акробации со флајбординг чини 300 евраФотографија: picture alliance/ZUMAPRESS.com

„Сосема е различно. Сме имале младите луѓе на 17 или 18 години, кои сакаат еднаш да го доживеат тоа исфрлување, но и постари на 65 години“, објаснува Мелани Бергер, организаторка на настани.

Оној кој управува со скутерот е кормиларот. Под притисок од 600 бари тој ја издувува водата низ цревото и на тој начин се прави притисок за издигнување до десет метри во воздух.

Со млазници на рацете флајбордерот може да управува со летачките движења и рамнотежата.

„Максималната тежина би била 110 килограми, бидејќи водениот притисок доаѓа од под стапалата. Инаку, нормалната телесна кондиција е сосема доволна“, објаснува флајбордерот Кристофер Гутвасер.

Во секој случај некому не смее да му се потрошат сите пари на ова скапо хоби, бидејќи за да се биде перфектен и да се прават нурнувања мора долго да се тренира.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми