Флекенштајн: ВМРО-ДПМНЕ го помина Рубикон
27 април 2017
Реклама
ЕУ веќе утре мора да преземе мерки по она што се случи во Македонија, вели за ДВ германскиот европратеник Кнут Флекенштајн по насилничкиот упад во Собранието и нападите врз пратениците на парламентарното мнозинство од страна на демонстрантите.
„ВМРО-ДПМНЕ го премина Рубикон. Заврши времето за убави зборови. ЕУ ќе мора да преземе мерки. За тоа ќе разговараме утре“, вели Флекенштајн за ДВ. Според него, веќе нема што да се чека.
Пратеникот во германскиот Бундестаг, Јосип Јуратовиќ претходно на Твитер ги праша Европската народна партија и германските конзервативни сестрински партии ЦДУ и ЦСУ, „ до кога ќе ги поддржуваат Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ?“.