1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Флекенштајн: Никој во Европа не го поддржува Груевски

БГ
28 март 2017

Сите во Македонија треба да знаат дека никој во ЕУ или дури и во сестринската партија на ВМРО-ДПМНЕ, не ја поддржува политиката на Никола Груевски, изјави денеска во Брисел европратеникот Кнут Флекенштајн

Knut Fleckenstein
Фотографија: picture-alliance/dpa/B. von Jutrczenka

Германскиот европратеник од редовите на Социјалдемократите, Кнут Флекенштајн вели дека е многу разочаран поради исходот од разговорите кои тој заедно со комесарот на ЕУ Јоханес Хан и пратениците Иво Вајгл и Едуард Кукан ги водеа во Македонија минатата недела. На денешната дебата во Европскиот парламент, Флекенштајн остро ги критикуваше ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Никола Груевски.

„ВМРО-ДПМНЕ одбива да се придвижи. Граѓаните треба да знаат дека нема никој во ЕУ или дури и во Европската народна партија (ЕПП) -сестринската партија на Груевски, кој ја поддржува таа политика“, рече Флекенштајн.

Во Македонија, вели германскиот пратеник, не се работи за левица или десница, туку „за демократија да или не“.

„Јасно е дека гласачите го кажаа своето, и оние што се договорија да формираат влада треба да добијат  шанса да владеат. Многу е едноставно“, рече Флекенштајн.

Во Европскиот парламент денеска се одржа тркалезна маса на која се дискутираше за состојбата на Западниот Балкан и начините како регионот да тргне напред кон интеграција во ЕУ. Дискутираа бројни европарламентарци, експерти како и претставници на различни невладини организации. 

ЕУ треба да воведе санкции против македонски политичари, смета Флоријан БиберФотографија: DW/S. Padori-Klenke

Професорот Флоријан Бибер, експерт за Балканот од Универзитетот во Грац, оцени дека ЕУ мора поостро да настапува против поединци кои отворено ги кршат демократски процедури и се заложи за санкции против поединци од Македонија.

ЕУ треба да воведе „санкции против поединци, политички лидери кои отворено ја опструираат промената на власта. Ако не се дозволува промена на власта не можеме повеќе да зборуваме за демократија. Добро е да се повлече јасна црвена линија за тоа какво однесување треба да носи санкции“, рече Бибер.
Тој смета дека не смеат да се казнуваат граѓаните, туку неодговорните политичари поединечно преку забрана за патување и стопирање на политички контакти.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми