Среде најголемиот скандал со податоци во историјата на фирмата, шефот на Фејсбук, Марк Закерберг, изненади со најавата дека најголемата социјална мрежа добива нова, флерт-функција. Тоа веднаш се одрази на берзата.
Реклама
За да ја користат функцијата за флертување, членовите на Фејсбук ќе мора да направат посебни профили кои ќе бидат видливи само за оние кои исто така се заинтересирани за флерт, најави основачот на Фејсбук, Марк Закерберг. Фејсбук сака да го надгради она што на социјалната мрежа веќе и онака постои - запознавање и договарање состаноци.
Дали со новата функција мрежата сака всушност да стигне до многу податоци за членовите, со цел да им дава предлози за соодветен партнер? Тоа шефот на Фејсбук не го кажа. Досега е само познато дека профилот за флерт не би требало да биде видлив за Фејсбук-пријателите на корисникот. Тие, исто така, нема да можат да бидат предложени како потенцијални партнери. Комуникацијата меѓу две лица би требало да се одвива преку нова чет-форма.
Инвеститорите очигледно веруваат дека Фејсбук може да предизвика промени на пазарот на онлајн-флертување и посредување партнери, затоа што акциите на Меч Груп, која е мајка фирма на апликацијата за флертување Тиндер, по најавата на Закерберг загуби повеќе од една петтина од својата вредност.
Шефот на Фејсбук особено потенцираше дека во развојот на новата функција за флертување ќе се внимава на тајност на податоците. По најновиот скандал со податоци, тоа на Закерберг веројатно му е особено важно. Скандалот околу протекување информаци за корисници на фирмата за анализа Кембриџ Аналитика, играше централна улога при настапот на Закерберг на состанокот на програмерите на Фејсбук. Социјалната мрежа од откривањето на скандалот е под огромен притисок за ја подобри заштитата на податоците.
Закерберг најави и дека Фејсбук ќе им го олесни на корисниците бришењето на некои собрани информации, како листата на посетени веб-страници или кликнати линкови. Тој функцијата „Clear History“ ја спореди со отстранување слични информации на веб-браузерите.
Основачот на Фејсбук претстави и неколку други новини, како видеочет-функција за Инстаграм и вграден преведувач за Фејсбук Месинџер, а даде и сигнал за старт на продажбата на ВР-очила Окулус Гоу, кои треба да се продават по цена од 219 евра.
Кога Фејсбук уметноста ја претвора во порнографија
Познати сликарски дела, изложени во музеите, се погодени исто како и афирмирани знаменитости: Фејсбук повремено блокира фотографии со делумно чудни образложенија, за кратко потоа да се извини.
Фотографија: picture-alliance/dpa/F. Rumpenhorst
Слобода го предводи народот
Жртва на интерните правила на Фејсбук беше дури и националната фигура на Француската Република: бидејќи жената која ја симболизира слободата на сликата на уметникот Ежен Делакроа е со разголени гради, Фејсбук избриша пост во кој беше уметничкото дело. Подоцна концернот се извини и го врати постот.
Фотографија: picture-alliance/dpa
Потеклото на светот
Приказот на женски гениталии, масло на платно од уметникот Густав Курбе од 1866. година од своето настанување предизвикува контроверзи и со децении беше скриено од очите на јавноста. Во 2011. година еден учител го постира на Фејсбук, а по блокирањето на акаунтот, бараше надомест на штета и го тужеше Фејсбук за цензура. Судот во март годинава (2018) донесе одлука во полза на Фејсбук.
Венера од Вилендорф
Праисториската статуа „Венера од Вилендорф“, која често е трн во окото на „чуварите на моралот“, Фејсбук ја цензурираше како „опасна порнографија“, а потоа се извини. Фигурата со големина од 11 сантиметри, а стара околу 30.000 години, прикажува гола жена и е еден од најзначајните експонати во Природно-историскиот музеј во Виена.
Фотографија: picture-alliance/H.Fohringer
Нептун
Фејсбук не е строг само кон приказите на женските облини: на почетокот на 2017. една италијанска авторка сакала својата страница за историјата на Болоња да ја рекламира преку фотографија на тамошната статуа на Нептун, поставена на Пјаца Нептуно. Фејсбук реагираше - прикажувањето на содржини недозволени за лица под одредена старосна граница и на лица во двосмислени пози се коси со неговите правила.
Бронзената фигура на крајбрежното шеталиште во Копенхаген уште од 1913. година е симбол на љубовта. Поранешна данска министерка за земјоделство со фотографија од статуата сакала да привлече внимание на текст на својот блог. Фејсбук го избришал постот, со образложение, внимавајте! - фотографијата прикажува премногу гола кожа! Кај бронзена фигура! И по ова следеше извинување од концернот.