1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фолксваген ги повлекува возилата погодени со скандалот

Хелена Хемфри / ЕМФ29 јануари 2016

Фолксваген почна со повлекување на возилата погодени од скандалот со издувните гасови. Станува збор за 8,5 милиони автомобили ширум Европа.

Фотографија: picture-alliance/dpa/O. Spata

Фолксваген сака што е можно побрзо да го расчисти скандалот со издувните гасови. Концернот ја почна европската акција на повлекување на возилата погодени со скандалот, и тоа од Германија. Акцијата почна порано од планираното.

Прво се работи на моделите Амарок, а потоа треба да следуваат дизел возилата од моделот Пасат. Кога ќе дојде на ред најпродаваниот модел - Голфот, сѐ уште не се знае. Гигантската акција на дополнително опремување, само во Германија ќе го чини концернот околу 240 милоиони евра за 2,4 милиони автмобили.

Овде можете да го погледнете видеото:

Фолксваген ги повлекува возилата погодени со скандалот со загадувањето

01:17

This browser does not support the video element.

Задачата е мамутска. ЕУ сака да биде сигурна дека ваков скандал нема да се повтори. Брисел бара контролирање на одредени автомобилски марки за да се осигура дека се држат до пропишаните еколошки стандарди во делот на емисија на гасови:

Ежбјета Биенковска, еврокомесар за индустрија, е категорична:

„Ако земјите членки не се подготвени тоа да го сторат сами, тогаш ние од ЕУ ќе донесеме казни во висина до 30.000 евра по возило.“

На тој начин другите автопроизводители не би морале да се соочуваат со она што сега му претстои на Фолксваген и неговиот шеф Милер: губење на делови на пазарот, високи трошоци за поправка и казни од милијарди евра поради низата збирни тужби.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми