1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

220709 VW Mexiko

24 јули 2009

Германскиот производител на автомобили „Фолксваген“ инвестира преку една милијарда долари во проширување на производните капацитети на својата фабрика во мексиканскиот град Пуебло.

„Фолксваген“Фотографија: AP

„Фолксваген“ уште лани најави инвестиции во Пуебла во висина од 700 милиони долари, сега додаде уште 400 милиони. Ова изненадува, оти во изминатите месеци од таму доаѓаа информации за привремен прекин на производството, скратено работно време, слаба продажба.

Оптимизам во време на криза

Ото Линднер, шеф на „Фолксваген“ во Мексико, очекува до крајот на годинава падот на производството да изнесува 30 проценти, но останува оптимист. „Кризата не’ погоди со цела сила, посебно оти кај нас е многу голема зависноста од извозот. Но, и за време на кризата успешно работиме врз мерки кои ќе не направат посилни за наредните години. Оптимизмот доаѓа пред се’ од новите проекти, новите продукти и од инвестициите во нови капацитети. Тоа секако значи дека концернот има доверба во ’Фолксваген де Мехико’“.

„Фолксваген“Фотографија: AP

Во Пуебла, единствената фабрика на концернот во Северна Америка, се произведуваат моделите „нова буба“, „бора“ и „џета“. Од средината на 2010 тие треба да добијат конкуренција од нов седан-модел, односно лимузина. За него Линднер не сака да открие повеќе подробности. „Тоа е возило, кое ќе се продава насекаде во светот, еден компакт-седан ориентиран пред се’ кон американскиот пазар. Разбирливо, многу сме среќни и за секое возило што ќе го продадеме во Европа, Јапонија или Кина“.

Премија за расходување на автомобили и во Мексико

„Фолксваген“Фотографија: picture-alliance/dpa

Претседателот на Мексико, Фелипе Калдерон, кој поседува еден „Фолксваген голф“, лично го објави ратификувањето на инвестициониот проект, со кој, покрај постоечките 15 илјади, ќе бидат создадени уште 2 илјади нови работни места. „Претпријатијата што ќе се прилагодат на новите услови на пазарот, ќе бидат победници. ’Фолксваген’ ќе биде уште посилен, поради производството на автомобили со нов дизајн, кои најдобро ќе се прилагодат на пазарот“, рече Калдерон. Тој најави и државна премија од 900 евра за расходување на возила постари од 10 години, според примерот од Германија. Од таа мерка би можел да профитира и „Фолксваген“ со својот нов модел.

Автор: Ане-Катрин Мелман / Зоран Јордановски

Редактор: Александра Трајковска

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми