1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Фолксваген“ цели на светскиот врв

ЖА/дв/дпа/ртре12 јануари 2014

Германскиот автомобилски производител планира ширење на кинескиот пазар, а неговата позиција е добра и на пазарот во САД. „Фолксваген“ лани остварил и екордна продажба на своите возила.

Volkswagen China
Фотографија: picture-alliance/dpa

„Кинескиот пазар има многу големо значење, тој и натаму ќе расте“, изјави првиот човек на концернот „Фолксваген“, Мартин Винтеркорн во телевизиско интервју за Дојче веле. „Фолксваген“ на кинескиот пазар продал најмногу возила од сите странски концерни во 2013. година, со што по девет години го надмина конкурентот „Џенерал моторс“.

„Во Кина во меѓувреме имаме седумнаесет фабрики и таму произведуваме возила за тамошниот пазар, придонесувајќи истовремено за изедначување на разликите меѓу истокот и западот, меѓу богатотото население на Исток и посиромашните на запад. Но, во КИна се извезуваат и автомибили произведени во Европа, со што со прпдажбата во Кина обезбедуваме работни места на Стариот континент“, истакнува Винтеркорн.

Мартин ВинтеркорнФотографија: Getty Images

Најголемата автомобилска индустрија во Европа, германскиот концерн „Фолксваген“, лани продал над 9,7 милиони, што претставува најголема продажба на групацијата во нејзината историја.

„Фолскваген“ лани забележал раст на продажбата од пет проценти во однос на 2012 година, кога концернот продал 9,3 милиони возила.

„Имајќи ги предвид тешките пазарни услови во целиот свет, ’Фолксваген’ оствари многу добар резултат“, изјави претставникот на концернот Кристијан Клингер.

Растот на продажбата најмногу се должи на солидните резултати на „Фолскваген“ на кинескиот пазар, каде лани биле продадени 3,27 милиони возила, што претставува зголемување за 16 проценти во однос на 2012 година. Концернот „Фолксваген“ има 48 погони низ целиот свет, во кои секојдневно се произведуваат по околу 26.000 автомобили. Во состав на концернот се брендовите „Фолксваген“, „Ауди“, „Шкода“, „Бентли“, „Бугати“, „Ламборџини“, „Порше“ и „Сеат“.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми