1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фондацијата Сорос се сели во Берлин

26 јули 2018

На крајот на август, Фондација Сорос го затвора своето централно седиште во Унгарија. 85 вработени во иднина ќе работат во Берлин. Тие се спротивставуваат на изјавите на американскиот десен популист Стив Бенон

Ungarn | Anti-Soros Plakate
Фотографија: AFP/Getty Images

Изминатиот викенд Стив Бенон, поранешниот главен советник на американскиот претседател Доналд Трам, ја окарактеризира Фондацијата Отворено општетство на Џорџ Сорос како пример и непријател. Американскиот десен популист во интервју за интернет порталот „Дејли бист" зари тупаница во политичка Европа и најави дека ќе основа нова десно-популистичка фондација: „Движење“ со седиште во Брисел. Целта е „вистинска револуција во Европската Унија пред европските избори во 2019. година. Популистички фронт треба да ја закочи машината на европско обединување. Ова ќе се спроведе по примерот на Фондацијата Отворено општество на американскиот милијардер Џорџ Сорос. Но таа се залага токму за сѐ што е спротивно на националистичкиот свет на Бенон: плурализам и отворени општества.

Седиштето на Фондацијата Отворено општество се преместува во БерлинФотографија: DW/F. Hofmann

Фондацијата на Сорос му се спротивставува на Бенон

Сосем е јасно дека Фондацијата се темели на сѐ спротивно од изјавите на Бенон. Портпарол на фондацијата за ДВ изјави: „Стив Бенон погрешно ја опишува работата на Фондацијата Отворено општество. Ниту финансиски поддржуваме ниту советуваме политички партии." Фондацијата Сорос поддржува нешто многу поголемо, „едноставна филозофија: на развиена демократија ѝ е потребна отворена дебата, која ќе се заснова на факти и ќе ги почитува ставовите на сите." Оие идеи ќе го надживеат популизмот на Бенон.

Фондацијата Отворено општество финансира невладини организации кои се залагаат за различни цели. На пример, во Источна Европа тие поддржуваат организација која им нуди заштита на прогонети припадници на ромското малцинство. Во националистичкиот пожар за време на војните во Југославија во 1990-те, последните преостанати независни медиуми што му се спротивставија на националистичкиот бес преживеаја со помош на пари од Сорос.

Повеќе: 

Пирова победа на Орбан

Сорос-фондацијата ја напушта Унгарија

Основана во татковината на Џорџ Сорос

Уште во 1948 година, американскиот брокер ја основал фондацијата во неговиот роден град Будимпешта. По падот на Железната завеса таму беше основан и Централниот европски универзитет кој многу бргу се разви во елитен центар за образование на младите демократи од Источна Европа. Се чинеше дека идејата за отворени општетства за кои се залагаше фондацијата на Сорос само ќе оди напред и ќе се развива. Но со доаѓањето на власт на десниот националист Виктор Орбан пред осум години фондацијата прерасна во непријател. Дури и пред неговиот реизбор оваа година, Унгарците ја пропагираа токму спротивноста на она за кое се залага Џорџ Сорос: Орбан сака да види „нелиберални" општества во Европа и сака да го смени либералниот пресврт на континентот кој се случи по падот на Железната завеса. Орбан, исто така, се залага за сојуз со американските популисти собрани околу Стив Банон. Фондацијата на Сорос им е заеднички непријател.

Институциите на Сорос непожелни во УнгаријаФотографија: picture alliance/dpa/J. Kalaene

Предводени од Виктор Орбан

Последиците од ваквата политика станаа видливи: Со години властите во Будимпешта го затегаа обрачот околу Фондацијата Сорос со воведување на нови закони. Во унгарската предизборна кампања основачот на фондацијата, Џорџ Сорос беше посочен како непријател број еден и насекаде се лепеа плакати со неговиот лик со негативни пораки.

Кратко време по формирањето на владата, владејачката партија на Виктор Орбан усвои закон со кој беше невозможно Фондацијата Отворено општество да ја продолжи својата работа во Будимпешта. Меѓу другото, секој вработен во Фондацијата Сорос и секое здружение кое ќе добие финансиска помош од фондацијата треба јавно да ја пријави - без разлика дали тоа влијае на правата на лицата за заштита на личните податоци. И тоа е само еден пример. „Со ваквите законски мерки беше сѐ потешко да продолжиме да работиме во Будимпешта", вели еден вработен кој е задолжен за затворање на канцеларијата во Будимпешта.

Дека сите вработени ќе се селат од Будимпешта во Берлин беше веќе познато. Сега има и точен датум за селидба и нови канцеларии. На 31 август се гаси светлото во канцелариите во Будимпешта и во септември се селат во центарот на Берлин на Потсдамер плац, каде ќе бидат една година. Симболиката е дотолку поголема бидејќи се селат на историско место. Во времето кога сѐ уште постоеше Берлинскиот ѕид, од таму до Бранденбуршката капија и каналот Ландвер овде беше пустелија заградена со Ѕидот.

Од 150 вработени, како што велат од Фондацијата „засега“, 85 ќе се преселат во германскиот главен град. Подоцна ќе им се приклучат и друг дел од вработените. Во рок од една година ќе се бараат нови канцеларии кои на подолг рок треба да станат централно седиште на Фондацијата. Како што вели претставник на организацијата, од таму ќе продолжат финансиски да поддржуваат невладини организации кои се борат за човековите права и во Унгарија и во други источноевропски земји: „Нашите програми продолжуваат и понатаму". Ова звучи пркосно. Всушност, по долгогодишен успех, фондациите на Сорос во моментов се во дефанзива во однос на националните популистички влади во Будимпешта, Варшава или Братислава

Како премиер, Орбан по неговиот реизбор, го промовираше законот со кој се ограничува слобода на работа на фондациите, а вработените во Сорос со денови не даваа никакви интревјуа, со надеж дека нема да се случи најлошото. Ама се случи.

Протести во Унгарија против затворањето на Централниот европски универзитет, април 2017Фотографија: picture-alliance/AP Photo/MTI/J. Marjai

Повлекување, а не селење

Селењето во Берлин се чини повеќе е политички потег. Џорџ Сорос, кој потекнува од унгарско-еврејско семејство, освен да промовира книга, не бил многу присустен овде по падот на Ѕидот. Негова јавно прокламирана примарна цел беше да ѝ се стави крај на моќта на политбироата во Источна Европа, за што се залага неговиот академски гуру Карл Попер. Принципот на отвореното општество на филозофот кој некогаш го подучуваше во Лондон беше антитеза на Советскиот комунизам од Москва до Источен Берлин.

Звукот на слободата на деведесеттите во Берлин по падот на Берлинскиот ѕид и бодликавата жица го поставил темпото за работата на Фондацијата на Сорос по падот на Ѕидот. Еден од првите големи проекти беше промоција на 3.000 советски нуклеарни истражувачи, така што тие, иако скромни, можеа да преживеат и да не паднат во рацете на мрачните сили кои работат на изградба на бомба.

Војните на Балканот беа антитеза за слободниот Берлин, каде со звукот на електронската музика една цела генерација млади уживаше во апсолутната слобода. Целно беа финансирани групи во Белград и Загреб кои во Берлин основаа граѓански организации за заштита на бегалци. Откако берлинските уживатели на марихуана на демонстраци побараа легализација на овие лесни наркотици, Сорос поттикна да се поддржи истражување на марихуана во медицински цели.

Сега мора да се покаже, дали соработниците на Сорос со нивното повлекување во Берлин ќе најдат нова сила за продолжување на работата против националпопулистите во Источна Европа.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми