1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фон дер Лајен го пофали ангажманот на Косово

АТ/ дпа/афп15 мај 2014

Меѓународниот ангажман на Косово е успешен пример, оцени германската министерка за одбарана при посетата на војниците во Призрен. Министерката Фон дер Лајен денеска ја продолжува посетата на Косово.

Фотографија: picture-alliance/dpa

Германската министерка за одбрана Урсула фон дер Лајен истакна дека ангажманот на меѓународните заштитни трупи на Косово е успешен пример за мирно решавање на конфликти. Очигледно алудирајќи на кризата во Украина, Фон дер Лајен дополни: „Ако малку погледнеме овие денови, тогаш оваа мисија од пред 14, 15 години сега може да се земе како пример“. Развојот во оваа балканска земја на импресивен начин покажува, како од една безизлезна ситуација може да се пронајде патот кон мирна иднина, смета Фон дер Лајен.

Оваа политичарка од партијата на канцеларката Меркел, ЦДУ, е во посета на германските војници во германската база во Призрен.

По информациите за протерување и злосторства врз албанското население во поранешната српска покраина Косово, НАТО интервенираше со воздушни напади. По војната следуваше ангажман на Северноатлантската алијанса за стабилизација на Косово во која денес се вклучени околу 4.900 војници од 32 земји. Германија го сочинува најголемиот контингент со 700 војници. Министерката денеска ја продолжува посетата.

Вчера германската влада донесе одлука за продолжување на мандатот на Бундесверот на Косово за една година. Ова, според Фон дер Лајен било важно, бидејќи земјата се наоѓа во „важна преодна фаза“. Конечната одлука за продолжување на мадатот треба да ја донесе Бундестагот.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми