1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фон дер Лајен за преговори со Северна Македонија и Албанија

БГ
20 јули 2019

Во првото интервју по изборот за претседателка на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен ги потврди заложбите за европската перспектива на Северна Македонија и Албанија. „Тие се наши соседи“, вели Фон дер Лајен

Frankreich Wahl zur EU-Kommissionspräsidentin | Ursula von der Leyen
Фотографија: Reuters/V. Kessler

Во интервју за магазинот Шпигел, Урсула фон дер Лајен вели дека ќе се залага за почеток на преговорите за членство во ЕУ со Северна Македонија и Албанија, веднаш откако ќе се оцени дека овие две држави ги исполниле критериумите.

Фон дер Лајен беше избрана во вторникот за прва жена во историјата на чело на Европската Комисија. Во текот на кусата кампања во која ги убедуваше пратениците во Европскиот парламент да гласаат за неа, фон дер Лајен во неколку наврати во своите приоритети ги наведуваше и преговорите со двете западнобалкански држави.

Во првото интервју по изборот, таа го потврдува тоа.

„Треба да отвориме преговори со тие земји веднаш откако Европскиот совет ќе донесе заклучок дека се исполнети критериумите“. Европскиот совет го сочинуваат шефовите на држави и влади на сите земји-членки на ЕУ.

„Треба да ја оставиме испружена раката кон овие земји. Го делиме истиот континент, истата историја, ние сме соседи. Доколку на овој регион му ја затвориме вратата, си предизвикуваме штета себеси“, рече Фон дер Лајен во интервјуто за Шпигел.

Се очекува Фон дер Лајен да ја преземе новата функција на 1 ноември годинава. 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми