1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фон дер Лајен: Северна Македонија е светол пример

БГ
11 јули 2019

Кандидатката за претседател на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен на претставувањето пред политичките фракции во Европскиот парламент ја пофали Северна Македонија и најави отворени врати за Западниот Балкан

Bundesverteidigungsministerin von der Leyen
Фотографија: picture alliance / Arno Burgi/dpa-Zentralbild/dpa

Западниот Балкан мора да се сфати посериозно, а Северна Македонија е светол пример за позитивни постигнувања, порача кандидатката за претседател на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен за време на состанокот со европските либерали, пренесуваат германските медиуми.
Таа пледираше за отворени врати кон земјите од источна Европа и Западниот Балкан кои сакаат членство во ЕУ.
Фон дер Лајен особено ја потенцираше Северна Македонија како „светол пример“ за тоа, „што е можно да се постигне, кога луѓето пред себе имаат јасно поставена цел- во случајот членството во ЕУ.“
„Убедена сум дека мораме посериозно да му пристапиме на Балканот“, рече Фон дер Лајен.

Таа деновиве се обидува да добие поддршка од парламентарните групи во Европскиот парламент за нејзината кандидатура. За да застане на чело на Комисијата, на Фон дер Лајен и е потребно мнозинство гласови од вкупно 751 пратеници во парламентот.

Фон дер Лајен ја посети Северна Македонија во септември 2018 година, непосредно пред одржувањето на референдумот за името, тогаш како германска министерка за одбрана.
Од Скопје, германската политичарка тогаш порача дека посакува „обединета и единствена Европа“, давајќи притоа поддршка за успех на референдумот.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми