„Форбс“ - Меркел втора година најмоќна жена во светот
31 август 2007Реклама
Американскиот магазин “Форбс“ повторно ја прогласи германската канцеларка, Ангела Меркел, за најмоќна жена на светот. Таа води на листата од 100 највлијателни жени во светот, пред кинеската вице-премиерка Ву и американската министерка за надворешни работи, Рајс. Меркел беше прогласена за најмоќна жена на светот и минатата година.