„Форд“ ќе отпушти стотици работници во Европа
26 септември 2012„Форд“ оваа година очекува загуба од над една милијарда долари во Европа. Обртот во август во Европа беше намален за 29 проценти, додека целокупната бранша бележи намалување од 8,5 проценти. Најавеното намалување на бројот на вработени е дел од тековната програма на „постигнување на поголема ефикасност во сите области на работењето на „Форд“ во Европа, наведено е во соопштението на компанијата.
„Форд“ во моментот вработува околу 66.000 работници во Европа, од кои најголемиот број работат во Германија. Со мерките на штедење во „Форд“ ќе бидат погодени пред се‘ Германија и Велика Британија. Концернот сепак најавува дека укинувањето работни места ќе биде „што е можно посоцијално“ и дека ќе се одвива претежно преку нормална флуктуација и намалување на „позајмените вработени“, работници кои работат во фирми кои привремено ги изјајмуваат на „Форд“.