1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Наука

„Фотка“ од црна дупка

Јудит Хартл
11 април 2019

На шест пресконференции истовремено на различни локации научниците ја презентираа првата досега направена фотографија од црна дупка во вселената. Ова е почеток на нова ера за науката.

BdTD schwarzes Loch EHT
Фотографија: Reuters/National Science Foundation

Еве ја! Првата воопшто направена фотографија од црна дупка. На шест пресконференции истовремено – во Брисел, Вашингтон, Тајпеи, Токио, Шангај и Сантијаго де Чиле - научниците презентираа еден темен круг со пламен портокалов прстен на средина. Научниците не успеаа да ја направат оваа слика со телескоп бидејќи за да им успее такво нешто тој би требало да биде голем колку земјината топка. Бидејќи е тешко да е изгради вакво нешто, научниците се послужија со еден трик. Тие поврзаа осум силни радиотелескопи низ светот со што симулираа огромен телескоп. Од 2017 година тие собираат податоци, ги сортираат и анализираат и на крај со слика можат да го докажат она што Алберт Ајнштајн го пресмета уште пред 100 години: дека мора да постои нешто со огромна маса што привлекува се што ќе му се приближи, го проголтува и го оттргнува од неговата траекторија.

Оваа слика која ја презентираа научниците од меѓународниот истражувачки проект Event Horizon Telescope е револуционерна. Ова е нова ера во науката изјави во Брисел, Карлос Моедас, еврокомесарот за наука и истражување. И навистина е така. Направената фотографија е за Нобелова награда. Бидејќи црните дупки се опишуваат токму така: црни, темни и невидливи. Црната дупка има толку голема маса, така што голта се што ќе и се приближи. Таа дури си ја голта сопствената светлина и поради тоа е невидлива. Силата на привлекување на Црните дупки е незамисливо голема.

Уметничка претстава на црна дупкаФотографија: Reuters/NASA

Како научниците знаат за постоењето на црните дупки?

Црните дупки немаат површина како планетите или ѕвездите. Тие се повеќе простор во вселената. Огромни усти кои голтаат се што ќе им се приближи. Тие оттргнуваат ѕвездите, маглата и светлината од нивната траекторија, ги притискаат, ги гмечат, лепат различни материи за нив така што тие кружат околу црната бездна. Научниците може да го измерат ова одвлекување. Тие знаат дека причината за такво нешто мора да е нешто многу силно со екстремна моќ.

Како настануваат црни дупки?

На многу различни начини. Кога умира голема ѕвезда, таа експлодира. Научниците тоа го нарекуваат супернова. Притоа ѕвездата ги отфрла надворешните слоеви, остатокот колабира и останува само релативно мала црна дупка, која заради огромната маса не дозволува да излегува светлина. Црни дупки настануваат и кога две ѕвезди ќе се судрат и потоа стануваат едно. Ако нивната маса е посебно голема новата ѕвезда може да колабира и да стане црна дупка. А, постојат и супермасивни црни дупки. Тие може да достигнат маса повеќе милиони или милијарди пати поголема од сонцето. Се наоѓаат во центарот на повеќето галаксии, на пример и во нашиот Млечен пат. Научниците уште не знаат како точно настанувале. Претпоставуваат дека можеби на тоа место повеќе црни дупки се споиле во една.

Уметничка претстава на црна дупкаФотографија: picture-alliance/dpa/NASA/Chandra X-ray Observatory/M.Weiss

Зошто се толку важни црните дупки?

Без силата на црните дупки нашиот универзум веројатно би изгледал сосем поинаку. Дури е и можно галаксиите да се настанати благодарение на црните дупки.

Кои црни дупки треба да ни бидат познати?

Во секој случај оние кои меѓународниот тим научници во Хаваи, Аризона, Шпанија, Мексико, Чиле и на Јужниот пол од 2017 интензивно ги следат и мерат. Тоа е Сагитариус А, огромна црна дупка во центарот на Млечниот пат. Таа се наоѓа на 26 илјади светлосни години од земјата и е преку четири милиони пати поголема од сонцето. Вториот е огромната црна дупка во галаксијата М87 во соѕвездието Девица. Тоа е уште подалеку од нас, околу 55 милиони светлосни години – ако можете да си замислите такво нешто – и е 6,6 милијарди пати колку сонцето (изгледа конечно капитулирате и Вие?).

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми