1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Автобуси на спасот

СН/агенции
9 март 2022

Илјадници луѓе и денеска би требало да добијат шанса со автобуси и сопствени возила да се евакуираат од завојуваните градови во Украина, откако Русија повторно прогласи примирје заради отворање на хуманитарните коридори.

Ukraine-Krieg |  Evakuierung aus Mariupol | dreißig Busse unterwegs
Фотографија: President's Office/REUTERS

По две недели војна во Украина, изгледа дека функционира барем еден од петте договорени коридори за евакуација. Украинската влада синоќа соопшти дека околу 6.700 луѓе се евакуирале од градот Суми. на североистокот од земјата. Хуманитарниот коридор за евакуација на цивилите од Суми останува отворен и денеска, соопшти гувернерот на Сумската област, Дмитро Живицки. 

„Преговарачката група работеше цела ноќ и денеска од 9 до 21 часот по локално време продолжи работата на коридорот за евакуација од Суми до Полтава“, се наведува во неговата порака на Телеграм.

Живицки напомена дека по коридорот е можно да се патува со сопствен превоз, а во текот на денот во Суми ќе се вратат 22 автобуси од градот Полтава кои прексиноќа го напуштија градот како дел од првата колона за евакуација. 

Осамениот бегалец

01:27

This browser does not support the video element.

Русија во меѓувреме повторно прогласи прекин на огнот заради евекуација на цивилите од завојуваните градови во Украина. Како што јавуваат руските новински агенции, примирјето започна во 8 часот по средноевропско време а информациите за хуманитарните коридори од Киев, Харков, Суми, Чернихив и Мариупол ѝ биле испратени на потпретседателката на украинската влада Ирина Верешчик. 

Инаку освен од Суми, вчера според достапните информации од теренот успешно биле евакуирани и цивили и од градот Ирпин, во близина на Киев. Обидите за профункционирање на коридорите од останатите градови не биле успешни. 

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми