1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Фудбал

Адеу Барса!

СН/дв
26 август 2020

20 години очигледно му се доволни за Лионел Меси. Збогум ФК Барселона! Аргентинската суперeрѕвезда сака да го напушти каталонскиот клуб. Единствено прашање е кој друг клуб може да го плати исклучителниот фудбалер.

Sport | FC Barcelona: Lionel Messi
Фотографија: picture-alliance/dpa/E. Alonso

По 20 години во клубот, можеби најдобриот фудбалер на светот, Лионел Меси сака ова лето да ја напушти ФК Барселона. Шпанскиот клуб веќе и официјално го потврди ова синоќа, откако претходно медиумите објавија дека 33-годишниот Аргентинец го известил својот долгогодишен работодавец дека сака да бара нов клуб. Според извештаите, Меси треба да ја искористи клаузулата во неговиот договор што му овозможува еднострано раскинување на договорот на крајот на секоја сезона. Неговиот актуелен договор во Барселона важи до летото 2021 година. 

Сега се поставува прашањето каде Меси би можел да замине. Во Интер од Милано, во ПСЖ? Во Манчестер Сити, каде можеше повторно да тренира под палката на Пеп Гвардиола, со кого славеше многу успеси во Барселона. Или ќе ја напушти Европа и ќе замине во САД?

Клубовите добро ќе размислат пред да го ангажираат Меси. Иако ќе добијат апсолутно исклучителен талент, Меси со своите 33 години, веќе не е во цутот на младоста. Освен тоа, системот на игра ќе мора целосно да се прилагоди на него а и структурата на платите на играчите исто така ќе мора да биде нарушена. Се вели дека Меси добивал гарантирана плата од 35 милиони евра годишно во ФК Барселона - плус неколку милиони  евра бонуси и специјални упплати поврзани со учинокот.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми