Техника
Фотографија на денот: Амазон почнува достава со дронови
6 јуни 2019
Реклама
Дроновите може на релации до 25 километри да носат пакети со тежина под 2,3 килограми. За тоа ќе им бидат потребни помалку од 30 минути. Дроновите ќе тргнуваат и слетуваат вертикално, како хеликоптерите. Според најавата на менаџерот Џеф Вилке, дроновите може да летаат стабилно и во услови на силен ветер. Вилке не навести каде сѐ ќе има ваков сервис на Амазон. Којзнае, можеби и пред вашата врата наскоро ќе слета дрон како на нашата #ФотографијаНаДенот.