Религија
Бадникова трпеза во пресрет на Божик
6 јануари 2022
Реклама
Христијанските верници во Северна Македонија и во светот кои се раководат според Јулијанскиот календар, утре го празнуваат големиот празник на Христовото раѓање, Божик, а денот пред него, Бадник, се одбележува според традицијата со семејна вечера – богата, но посна трпеза.
Обичаите во различни региони варираат, а и оваа година најголем дел од традиционалните бадникови процесии и коледарски огнови и собири отпаѓаат или се приспособени на важечките епидемиолошки мерки воведени поради пандемијата на коронавирус.