Спорт
Бајерн ја „прегази“ Барселона со 8:2
15 август 2020![Champions League Barcelona Bayern München Tor Müller](https://static.dw.com/image/54576160_800.webp)
Реклама
Баварците до врв ја наполнија мрежата на Барселона, тим кој цела сезона немаше пораз во Лигата на шампиони, тренерот Кике Сетиен немо седеше на клупата гледајќи го срамното издание на својата екипа. Меси, Суарез и останатите фудбалери на Барселона со наведнати глави го напуштија тревникот на стадионот во Лисабон. Бајерн поведе уште во 4. минута со голот на Томас Милер, на нашата #ФотографијаНаДенот со победнички крената рака. Бајерн со оваа победа се пласира во полуфиналето на Лига на шампиони.