1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бела блокада на Вашингтон

СН/агенции
4 јануари 2022

На почетокот на годината температурите беа сè уште умерени, но сега снежна бура го погоди источниот брег на САД. Главниот град е парализиран, сообраќајот е во застој, федералните служби и училиштата останаа затворени.

Човек преминува улица во Вашингтон за време на снежната бура која го зафати градот во текот на вчерашниот ден
Човек преминува улица во Вашингтон за време на снежната бура која го зафати градот во текот на вчерашниот денФотографија: Sarah Silbiger/Getty Images

Зимска бура донесе обилни врнежи од снег, проследени со силни ветрови во поголемиот дел од источниот брег и југоисточниот и централниот дел на САД, што ги принуди федералните служби и училиштата во главниот град Вашингтон да ја прекинат работата, и предизвика одложување на бројни летови и прекин на снабдувањето со електричната енергија за илјадници домаќинства во сојузната држава Вирџинија. 

Националната метеоролошка служба објави 12 до 25 сантиметри снег и ветрови до 64 километри на час за време на првата снежна бура во тој дел на Америка оваа зима. 

Службата извести дека во главниот град Вашингтон паднале 21,59 сантиметри снег, во Источен Тенеси 22,86 сантиметри, во Вирџинија 37 сантиметри и во Мериленд 39,37 сантиметри.

„Кога зборуваме за високо населените области, зголемениот снег станува проблем“, изјави Остин Менсфилд, метеоролог во Националната служба. 

Предупредување за снежна бура е издадено во сите држави на источниот брег од Јужна и Северна Каролина до Њу Џерси.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми