Не само идилични слики, како оваа на прочуениот рид Акропол под снежна покривка. Зимската бура Елпида предизвика хаос не само во Атина туку и во други делови на земјата, вклучително и на некои острови.
Реклама
Снежна покривка ноќеска ја прекри целата грчка престолнина, го попречи воздушниот сообраќај и зароби десетици возачи на атинската обиколница.
Во Атина се запрени железничкиот и автобускиот сообраќај, а затворени се и објектите за вакцинација против Ковид-19 во поширокиот регион од градот и на блискиот остров Евија, соопштија здравствените претставници.
Државните служби, училиштата, продавниците и банките кои не се неопходни во овие две области и на многу грчки острови, вклучувајќи го и Крит, исто така, денеска ќе бидат затворени, бидејќи се очекува студеното време да трае до утре.
Ситуацијата е најдраматична на автопатот Атика Одос, обиколницата околу Атина која го поврзува градот со аеродромот, на кој во моментов стотици возила и натаму се заробени.
Спасувачките екипи во текот на ноќта се бореа да ги ослободат возачите во моментот кога бурата, со име Елпида, ја зафати Грција и ја прекри Атина со дебел слој снег.
Во спасувачката акција учествуваат единиците на копнената војска со тешка механизација и со санитетски возила.
Европа во бел фустан
Снегот на многу места во Европа во изминатите недели предизвика хаос. Но, белата покривка носи и радост и предизвикува восхит со начинот на кој ја разубавува природата.
Фотографија: Getty Images
Магична тишина
Снегот на шумите им дава извесна волшебност. Снежниот товар овде, во Хоес Фен, во граничниот регион помеѓу Белгија и Германија, ги турка надолу не само гранките, туку создава и вид на тишина која е присутна само во шумите под снежна покривка.
Фотографија: Nicolas Maeterlinck/dpa/Belga/picture alliance
Свет на сиви нијанси
Кога снегот се простира до каде што допира погледот, се' изгледа како да потонало во црно-бели нијанси. Единствено небото потсетува на тоа дека светот има повеќе од две бои.
Дамки во други бои има и назима. Овие бобинки (arrowwood berries) отсјајуваат под снежните капи. Плодовите се важен извор на храна за птиците кои не заминуваат на југ. Раснат во цела централна и источна Европа.
Фотографија: Vladimir Smirnov/ITAR-TASS/imago images
Лозја како графики
Напролет вакво нешто може да значи штети за жетвата. Но во јануари снегот не им може ништо на лозите во Ајзентал. Напротив, растенијата имаат потреба од зимски мир за да можат засилено да влезат во вегетацискиот циклус. Снегот повеќе им пречи на лозарите, кои во ова време ги зарежуваат лозите.
Фотографија: Thomas Kienzle/AFP/Getty Images
Зимска романтика во дивина
Погледот врз замокот со снег остава простор за претпоставки како луѓето порано се справувале со зимата и студот и колку биле среќни ако имале топол камин. Историјата на замокот Крибштајн во Саксонија е долга повеќе од шест века. Замокот е автентично витешки и тоа го прави погледот на него дотолку поромантичен.
Фотографија: Hendrik Schmidt/dpa/picture alliance
Капење во снег и мраз
Капењето во снег и мраз има традиција пред се' во источна Европа. Овие бестрашни луѓе на исклучително голем студ се подготвуваат за капење во езеро во околината на полскиот град Краков.
Фотографија: picture alliance / AA
Санкање во Истанбул
Во првата недела од јануари 2021-ва снег падна и на места кои и не се познати многу по мразови и снегови. Истанбул е едно од тие места. Метрополата на Босфор последен пат имаше снежна покривка пред две години. Затоа, малку забава на снегот не смее да се пропушти. Кој нема санка при рака, може да се санка и со пластична кеса.
Фотографија: Emrah Yorulmaz/AA/picture alliance
Сноуборд во Мадрид
И Шпанија најчесто асоцира на лето, сонце и песок. Но, во Мадрид, кој се наоѓа на 670 метри надморска височина, благи наноси од снег не се реткост назима. Сепак, количеството снег кое падна во Мадрид зимава во никој случај не е нешто вообичаено. А, тоа, овој скијач на штица не сакаше да го пропушти.
Фотографија: Marcos del Mazo/LightRocket via Getty Images