Катастрофи
Божикно чудо во Валс
26 декември 2017Реклама
„Ова, иако можеби звучи кичесто, е божикно чудо“, изјави првиот човек на австриската покраина Тирол, Гинтер Платер по кризната седница во општината Валс, каде во неделата (24.12.) се случи одронот. И покрај сите обиди да се извлечат од долината, 130-те жители на селото веројатно ќе останат отсечени уште најмалку два дена. На оваа #ФотографијаНаДенот можат да се видат димензиите на одронот кој достигнува висина до 50 метри и кој го затрупа пристапниот пат кон долината во широчина од 150 метри.