1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Важна цел, неостварена надеж

СН/агенции
1 септември 2021

Околу 70 проценти од луѓето постари од 18 години во Европската унија се вакцинирани против коронавирусот. Така е постигната првата цел во борбата против пандемијата. Првичните надежи, меѓутоа, не се остварија.

Deutschland | Coronavirus | Impfstoff Johnson & Johnson
Фотографија: Ying Tang/NurPhoto/picture alliance

Европската унија достигна важна цел во борбата против пандемијата. Според претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, 70 проценти од  граѓаните постари од 18 години сега се целосно вакцинирани. „Тоа се повеќе од 250 милиони луѓе кои се имунизирани“, рече таа.

Целта за вакцинирање на 70 проценти од возрасното население во ЕУ против Ковид-19 до крајот на летото беше поставена од Еврокомисијата во јануари. Во тоа време, експертите претпоставуваа дека околу две третини од населението ќе треба да се вакцинираат за да се запре пандемијата на коронавирусот.

Нема крај на пандемијата

Иако оваа надеж не се оствари поради значително позаразниот Делта сој на вирусот, притисокот врз здравствените системи и општеството е енормно намален со кампањата за вакцинација. Имунизацијата, на пример, во голема мерка го намали бројот на сериозно заболени и смртни случаи од Ковид-19 во земјите од ЕУ. Во исто време, многу ограничувања на јавниот живот можеа повторно да се укинат.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми