Славјето на Вардарци во Истанбул
25 август 2017![Türkei Mazedonien Europa League Fenerbahce vs Cardar](https://static.dw.com/image/40231823_800.webp)
Фудбалерите на Вардар со втората победа во меѓусебниот дуел со турскиот гигант Фенербахче постигнаа историски успех- пласман во групната фаза на Лигата на Европа. Славјето на Вардарци по последниот свиреж на судијата во Истанбул е сосема разбирливо мотивот на нашата #ФотографијаНаДенот. Натпреварот во Истанбул заврши со победа на Вардар од 2:1 постигната со головите на Џигауири и на Глигоров. Голот за Фенербахче го постигна Роман Нојштетер. Посебно добар ден имаше голманот на Вардар Филип Гачевски, кој со неколку одлични одбрани го зачува голот на македонскиот шампион. Првиот натпревар во Скопје заврши со 2:0.
Ова е првпат еден македонски клуб да се пласира во групната фаза на најмасовното европско натпреварување. Денеска во 13 часот во Монако ќе биде извршена ждребката на групите во Лигата на Европа. Вардар се наоѓа во последниот шешир и по ждребката го очекуваат уште најмалку шест натпревари на европска сцена. Скопје и Македонија можат да почнат да се радуваат на возбудлива фудбалска есен.