1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Спорт

Вимблдон без Руси и Белоруси

СН/агенции
21 април 2022

Организаторите на Вимблдон реагираат на руската инвазија врз Украина: Ниту еден тенисер од Русија и од Белорусија не смее да учествува на грен слем турнирот во Лондон на лето. АТП ја осуди ваквата забрана.

Тениските терени на Вимблдон
Тениските терени на ВимблдонФотографија: Thomas Lovelock/AELTC Pool/empics/picture alliance

На тенисерите од Русија и од Белорусија годинава нема да им биде дозволено да играат на Вимблдон поради војната во Украина, соопштија организаторите на овој гренд слем турнир. „Во околностите на неоправдана војна и агресија без преседан, би било неприфатливо рускиот режим да извлекува каква било корист од настапот на руските или на белоруските играчи. Поради тоа, наша намера е, со длабоко жалење, да ги одбиеме пријавите на руските и на белоруските играчи за Вимблдон“, се наведува во соопштението на Ол Енгланд клубот.

Меѓу играчите кои се погодени со оваа одлука се и вториот тенисер во светот Данил Медведев, потоа Андреј Рубљов, Арина Сабаленка, Викторија Азаренка...

Третиот гренд слем во сезоната почнува на 27 јуни и тоа ќе биде првиот турнир од кој на играчите од Русија и од Белорусија им порачаа дека не се добредојдени.

Здружението на тениски професионалци (АТП) изрази несогласување со одлуката на организаторот на најважниот светски тениски турнир Вимблдон.

„Нашиот спорт се гордее со тоа што функционира на принципот на заслуженост и почитување, каде играчите се натпреваруваат како поединци и го обезбедуваат својот настап на турнирите со своите резултати. Веруваме оти едностраната одлука на Вимблдон и на Британскиот тениски сојуз за исклучување на руските и на белоруските играчи од овогодинешниот британски турнир е нечесна и можно е да постави уништувачки  песедан“, се вели во соопштението на АТП.

На руските спортисти им е забрането да се натпреваруваат во бројни спортови по руската инвазија на Украина, а на белоруските спортисти поради тоа што Белорусија ѝ помага на Русија во оваа војна.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми