Конфликти
Фотографија на денот: Во редица за на училиште
7 октомври 2020Реклама
Деца бегалци чекаат во редица за да влезат во своите училници, кои всушност се шатори пренаменети за настава.
Според податоци на Обединетите нации, во границите на Сирија во бегство се повеќе од 6,6 милиони луѓе, од кои речиси половината се деца. И покрај прекинот на огнот договорен во март годинава, животот на луѓето во Сирија е и натаму многу загрозен. Се’ уште има своеволни апсења, измачувања, насилство врз жени и девојчиња и целни убиства, соопштија ОН во септември.