1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Религија

Втор осамен Велики петок за папата Франциско

ЖА
3 април 2021

Великопеточната процесија, Патот на солзите, на која обично учествуваат десетици илјади луѓе на Колосеум, поради пандемијата вторпат се одржа на плоштадот Свети Петар, каде папата бeше речиси сам.

Vatikan I Papst Franziskus
Фотографија: Guglielmo Mangiapane/REUTERS

Во спомен на страдањата на Исус Христос, папата Франциско синоќа на Великопеточната процесија, Патот на солзите и претходно, на Великопеточната миса, беше придружен само од малкумина верници, деца и свештеници.

Фотографија: Guglielmo Mangiapane/REUTERS

Патот на солзите го симболизира страдањето на Исус Христос од неговото осудување на смрт, до распнувањето на крстот.

Папата повторно мора да го слави Велигденво ковид-услови. Без маси верници, без миење нозе, без Великопеточна процесија на Колосеум.

Сепак, католичките и протестантските христијани го слават најголемиот христијански празник, воскреснувањето на Христос, не само во Ватикан. Утре, на Велигден, поглаварот на Римокатоличката црква ќе одржи свечена миса и ќе го сподели традиционалниот благослов Урби ет орби.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми