1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија во очекување на заклетвата на новиот канцелар Шолц

ЖА
8 декември 2021

Олаф Шолц денеска треба да биде потврден во Бундестагот за нов германски канцелар, на чело на коалиција од СПД, Зелените и ФДП. Со тоа по 16 години завршува ерата на Меркел

Vorstellung der SPD-Minister
Фотографија: picture alliance/dpa

Социјалдемократот Олаф Шолц е единствен кандидат за сојузен канцелар, а за изборот е потребно мнозинство од пратениците во Бундестагот. Од актуелните 736 пратеници, потребни се 369 гласови. Коалицијата од СПД, Зелените и Либералите располага со 416 мандати.

Изборот на канцеларот се врши со тајно гласање.

Олаф Шолц ќе биде четврти канцелар од СПД, по Вили Брант, Хелмут Шмит и Герхард Шредер. ЦДУ досега ги имаше како канцелари Конрад Аденауер, Лудвиг Ерхард, Курт Георг Кисингер и Хелмут Кол, а во изминатите 16 години – Ангела Меркел.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми