1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Религија

Големо славје за Рамазан Бајрам

2 мај 2022

Овие деца се снимени во Газа, како си играат со балон и се радуваат на општото славје по еден месец пост.

Zuckerfest in Gaza
Фотографија: Sayed Hassan/picture alliance/dpa

Муслиманите ширум светот денеска го слават својот најголем верски празник - Рамазан Бајрам, со кој се одбележува крајот на светиот месец Рамазан. По едномесечниот пост, во кој верниците се воздржуваа од храна и пијалоци од зора до зајдисонце, денеска во џамииите се служи утринска Рамазан-Бајрамска молитва. Овие деца се снимени во Газа, како си играат со балон и се радуваат на општото славје по еден месец пост. 

Рамазан, деветиот месец во исламскиот календар, воедно е и месец на почетокот на објавата на Коранот. Поголемиот дел верници од исламска вероисповед и во С. Македонија овој празник го слават три дена, тоа е период на посети, семејни собири и масовни дневни гозби

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми