1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Катастрофи

Фотографија на денот: Голем пожар во Њујорк

ЕМФ
10 јануари 2022

Во пожар во зграда во Њујорк загинаа најмалку 19 луѓе, меѓу кои и девет деца, соопшти градоначалникот Ерик Адамс.

New York City | Feuer im Apartmenthaus in der Bronx
Фотографија: Yuki Iwamura/AP/picture alliance

Противпожарната служба соопшти дека во пожарот во населбата Бронкс има околу 60 повредени, од кои 32-ца се во животна опасност. Шефот на службата, Даниел Нигро, изјави дека чадот во зградата се ширел многу бргу, затоа што вратата во станот каде што избил пожарот била отворена. Голем дел од жителите на зградата имаат труење од чадот. Причината за пожарот, според Нигро, бил расипан електричен радијатор за греење. 

Зградата во којашто изби пожарот е објект во кој се сместени сиромашни семејства, кои плаќаат ниски кирии. Бронкс е најсиромашен дел од Њујорк, во кој просечните приходи се далеку под просекот во Њујорк. Ричи Торес, пратеник на Демократската партија во чија изборна единица се наоѓа зградата, зборува за повеќедецениско неинвестирање во станови по поволни цени. Тоа претставува безбедносен ризик и овозможува вакви катастрофални пожари, оцени Торес.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми