Прочуениот плоштад Тајмс Сквер во Њујорк деновиве е главно морничаво празен поради пандемијата на коронавирусот. Но, тој и натаму е тука секој ден- голиот каубоец со гитара.
Реклама
Уличниот музичар Џон Бурк свири на Менхетен уште од 1998 година. Последниве два месеца, во кои градот беше американски епицентар на корона-кризата, оваа њујоршка жива легенда остана без својата публика. Иако градот бележи значителен напредок во борбата против коронавирусот со се помалку случаи на заразени и на починати, сепак рестриктивните мерки остануваат и натаму во сила.
Коронавирус: Туристички атракции без посетители
Поради коронавирусот морничава тишина владее на многу туристички знаменитости, особено во Италија, но и во други земји. Погледнете како изгледаат овие места сега без вообичаените турканици..
Туристичките атракции во Италија се особено погодени од кризата со коронавирусот. Целата земја е во карантин. Продавниците се затворени, туристите ја напуштија земјата. Плоштадот Свети Петар во Рим е затворен, музеите и знаменитостите веќе не се отворени за јавноста.
Фотографија: picture-alliance/dpa/Zuma/G. Galazka
Тивкиот Милано
На северот на Италија, само големи групи гулаби се осмелуваат да излезат на улиците. Катедралата во Милано се извишува осамена и напуштена кон небото. Во Италија има полициски час на национално ниво. На луѓето им е дозволено да ги напуштат своите домови само кога одат на работа или кога одат да купат неопходни намирници.
Фотографија: picture-alliance/dpa/AP/L. Bruno
Празни места во Мадрид
По Италија, Шпанија е втората европска земја која е најпогодена од кризата со коронавирусот. Досега нема прогласено полициски час. Плоштадот Махор, обично пулсирачкиот центар на Мадрид е празен. Огромниот плоштад обично го посетуваат стотици илјади туристи секоја година. Во околината има повеќе од 3.000 ресторани, барови, кафулиња и таверни.
Жителите на Австрија, исто така, не можат веќе слободно да се движат. Од вторникот (18. март 2020) сите пабови и ресторани, покрај останатото, се затворени. Обележјето на Виена - катедралата Свети Стефан- е затворена за посетители, црковните служби се одвиваат без верници и се емитуваат на радио. И вообичаено многу посетениот плоштад пред катедралата е празен.
Карловиот мост во Прага вообичаено е преполн. Обележјето на градот сега е тивко. Чешката Република прогласи вонредна состојба поради кризата со коронавирусот и воведе широка забрана за влез и излез од земјата. Сите прекугранични транспортни врски со возови и со автобуси, исто така, се запрени. Слободата на движење на жителите е строго ограничена.
Фотографија: picture-alliance/dpa/AP/D. Josek
Франција во вонредна состојба
Претседателот на Франција рече дека земјата е во војна против коронавирусот. А министерот за внатрешни работи ги нарече „воени сојузници“ сите оние кои сега остануваат дома. Онаму каде што обично се разминуваат илјадници луѓе - Ајфеловата кула или Лувр во Париз - деновиве ретко може да се види некој.
Фотографија: picture-alliance/abaca/E. Blondet
Берлинските знамениости затворени
Берлин е сѐ попразен, иако сè уште не е прогласен полициски час. Знаменитостите како Рајхстагот се затворени. Театрите и музеите, исто така. Туризмот е ставен на пауза во Германија. Хотелите и останатото сместување сега можат да се користат само за „неопходни и исклучиво нетуристички цели“.
Фотографија: picture-alliance/dpa/M. Kappeler
Туризмот во режим на спиење
Дури и јавните знаменитости се празни. На улиците има само неколку туристи, како кај Бранденбуршката порта. Но, дури и ако сега има целосно чист поглед на обележјето на Берлин, посетата и не е баш забавна.