Здравје
Две дози Бионтек/Фајзер заштитуваат од Делта сојот
22 јули 2021Реклама
Две дози од вакцината на Бионтек/Фајзер или АстраЗенека против Ковид-19 се речиси исто толку ефикасни против високо преносливата мутација Делта на коронавирусот, како и против досега доминирачката Алфа варијанта, се вели во истражувањето, објавено во New England Journal of Medicine. Според студијата, две дози од вакцината на Бионтек/Фајзер имаат делотворност од 88 проценти против Делта сојот во спречување симтоматско заболување, споредбено со 93,7 проценти против Алфа варијантата. Втора доза вакцина на Астра Зенека обезбедува 67 процентна заштита протв Делта варијантата, споредбено со 74,5 проценти против Алфа варијантата.