Катастрофи
Денови на жалост
24 ноември 2021![Истрагата за причините за трагичната незгода на македонскиот автобус во Бугарија е во тек](https://static.dw.com/image/59915114_800.webp)
Реклама
Македонската влада вчера прогласи тридневна жалост на територијата на целата држава за жртвите од сраотната сообраќајна несреќа во Бугарија, во која загинаа 45 патници, а седум лица беа повредени откако македонски автобус се запали на магистралниот пат „Струма“ на потегот Софија – Благоевград.
Во автобусот вкупно имало 52 лица. Седуммината повредени се хоспитализирани на Клиниката во Софија. Меѓу загинатите, 12 се деца.
За време на деновите на жалост државното знаме на сите институции, како и на дипломатските претставништва на земјава во странство, се истакнати на половина копје, а одложени се сите јавни настани.
Ден на жалост за настраданите во автобуската несреќа денеска е прогласен и во Бугарија и во Косово.