Фотографија на денот: Детето Исус и желбите
15 ноември 2018Германската пошта соопшти дека до Детето Исус не стигнуваат само писма со желби, туку и мали подароци, како чоколатца за исполнувачот на желбите да работи на остварување на желбите дури и ако детето не било баш послушно. Меѓу желбите на децата има такви за чистење на морињата од пластичниот отпад, за помош на гладните деца од Јемен, за храна и покрив над главата за бегалците. Но, и сосема практични, како онаа на Ева, која пишува: „Драго Дете Исус, можеш ли некако да направи мајка ми да до прави она што јас ќе ѝ го кажам?“
Писмата со желби на адресата „An das Christkind", 51777 Engelskirchen, Deutschland, доаѓаат од цел свет. Детето Исус одговара на сите писма кои ќе стигнат до 21 декември, во меѓувреме на десет јазици, меѓу кои годинава првпат и на чешки, белоруски и руски, а за слепите лица одговорите се испраќаат напишани со Брајово писмо.