Фотографија на денот: Дете Исус, направи да исчезне вирусот!
16 ноември 2020
Наместо да биде опкружено со деца кои држат писма со желби во рацете, Детето Исус (вообичаено актерка облечена во бело) имаше само неколку дечиња околу себе, се разбира сите со маски, и се вклучи со видео-врска кај деца во оддалечена градинка. Сѐ е поинаку во време на корона, па и желбите на децата, меѓу кои не мал број бараат крај на пандемијата и прослава на Божик со пошироката фамилија. Момченцето Ноа, на пример, го моли Детето Исус: „Направи да исчезне вирусот!“
Заедно со своите помошници Детето Исус ќе одговара на писмата на децата до 21 декември, и тоа не само на германски, туку уште на десетина странски јазици, зашто писма пристигнуваат од цел свет. На адресата „An das Christkind", 51777 Engelskirchen, Deutschland, уште пред да почне со работа Детето Исус, веќе беа пристигнати околу 10.000 писма. Меѓу нив и она на малиот Самуел, кој пишува: „Знам дека годинава имаш особено многу работа. Поради коронавирусот ти пишувам веќе сега.“ Сигурно е сигурно!