Големи делови од јужна и западна Европа страдаат поради жештина невообичаена за овој период. Италија, Франција и Шпанија јавуваат за растечки температури. На викендот и во јужна Германија се очекуваат до 38 степени.
Фотографија: Susana Vera/REUTERS
Реклама
Ова е најраниот период жештина во годината откако се бележат температурите во Франција – уште во вторникот земјата „стенкаше" под бранот топлина надојден од Африка. Неделава се измерени температури меѓу 30 и 35 степени, за викендот се очекува да бидат преку 40 степени.
Со температури од преку 40 степени Шпанија се бори веќе шест дена - на фотографијата: термометарот покажува 47 степени Целзиусови во Мадрид во вторникот (14.06.2022). Во земјата расте ризикот од шумски пожари. Пожар во местото Балдомар во Каталанија веќе уништи 500 хектари шума, се заканува опасност огнената стихија да се прошири на 20.000 хектари.
Италија пак страда поради недостиг од вода. Поради суша од историски размери, 125 општини во Пиемонт и Ломбардија се принудени на рестрикции на водата за пиење. Во некои области дожд не заврнал преку 110 дена.
Голем топлотен бран ја зафати Европа и пред две години:
Топлотен бран во западна Европа: Последица на климатските промени?
Германија и западна Европа се погодени од топлотен бран со високи температури. Некогаш невообичаени, ваквите топлотни бранови и други екстремни појави станаа редовни. Како климатските промени се одразуваат во Европа?
Фотографија: picture-alliance/S. Ziese
Рекордни топлотни бранови
Во летото 2019 година се забележани топлински рекорди низ целиот европски континент. Во јули, во Германија беше измерена највисоката температура досега од 42,6 Целзиусови степени. Франција го урна својот рекорд на горештина двапати во 2019 година, со највисока измерена температура од 46 Целзиусови степени во јули. Климатските промени ја зголемуваат фрекфенцијата на топлотните бранови.
Во ноември 2019 година, италијанскиот град архипелаг Венеција доживеа повеќе поплавувања и високо ниво на водата од 1,5 метри, кое беше достигнато трипати во една недела, за прв пат во историјата. Прогнозираното покачување на нивото на морето како резултат на климатските промени може во иднина да ги направи овие настани уште почести.
Фотографија: Getty Images/AFP/M. Medina
Шумски пожари во Шпанија
Истиот топлотен бран што донесе рекордни температури во Франција ги предизвика најлошите шумски пожари кои ја погодија Шпанија во последните 20 години. На шпанскиот остров Гран Канарија, пожарите во август го уништија националниот парк на популарниот туристички остров. Повисоките температури и сувиот воздух како резултат на климатските промени го зголемуваат ризикот од пожари.
Фотографија: Reuters/B. Suarez
Германските шуми изумираат
Комбинацијата од суша, невреме и екстремна топлина ги осиромашува германските шуми. Според БДФ, група за заштита на шумите, во Германија, повеќе од 1 милион дрва умреле од 2018 година. „Ова веќе не се поединечни невообичаени временски настани. Ова се климатските промени“, вели претставник на БДФ.
Фотографија: picture-alliance/dpa/T. Frey
Исчезнуваат глечерите на Алпите
Глечерот на италијанската страна на Мон Блан доживеа забрзано топење во 2019 година. И ентузијастите одржаа „погреб“ за глечерот Пизол на швајцарските Алпи, кој речиси целосно исчезна. Научниците велат дека климатските промени го забрзуваат топењето на глечерите на Алпите.
Фотографија: AFP/F. Coffrini
Сушата влијае врз производството на храна
Сушата во Германија две години по ред силно ги погоди земјоделците. Во 2018 година, рекордната суша предизвика големи загуби кај земјоделските култури, а топлотните бранови во 2019 година, дополнително ги оштетија земјоделските култури. „Климатските промени значат почести суши и екстремни временски услови во Германија“, изјави потпретседателот на германската служба за временски услови Паул Бекер.