1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Катастрофи

Еднаш во 5 до 10 години

СН/агенции
30 јуни 2021

Многу региони на Германија беа зафатени од силно невреме со пороен дожд и силен ветер. Предизвикани се и бројни материјални штети и повредени лица.

Deutschland | Unwetter in Bayern
Фотографија: Angelika Warmuth/dpa/picture alliance

 „Ова беше невреме што се случува само на секои пет до десет години“, истакнаа германските метеоролози по силното невреме со поројни дождови, грмежи и град што предизвика хаос во делови на Германија вчеравечер и во текот на ноќта. 

Во некои градови како Франкфурт, Штудгарт или Ландсхут за многу кратко време имаше врнежи од 45 литри на квадратен километар. Под вода беа многу градски улици, подруми на куќи а целосно беше запрен железничкиот, трамвајскиот и автобускиот сообраќај.

Силните ветришта на многу места откорнаа дрва и покриви на куќите и зградите. Се јавува за илјадници повици до спасувачките екипи во текот на вечерта и ноќта, како и за бројни материјални штети но и повредени лица. 

 

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми