Дали заштитната маска на овој филипински уметник ќе го задржи коронавирусот, е големо прашање. Но во секој случај таа целосно може да се рециклира а и самата е во форма на вирусот.
Реклама
Филипинскиот уметник Лирој Њу позира со маска во облик на коронавирусот, која самиот ја направил од пластични шишиња. Тоа е само една од малку затрашувачките маски направени од отпад, со кои уметникот од своето студио во Манила упатува на главната „заповед“ во пандемијата: Држете физичка дистанца!
Како уметниците работат со корона-маските
Носењето заштитни маски во време на пандемија стана вообичаена слика на улиците ширум светот. Уметниците се обидуваат да внесат различност и нудат поинакви модели на ист производ. Еве неколку примери.
Фотографија: picture-alliance/Photoshot/H. Yan
Графити-маски
Меѓународната стритарт-сцена одамна ги откри белите заштитни маски како декоративен елемент. На фотографијата 16-годишниот стритарт-уметник С.Ф. со спреј работи на слика од голем формат на една тераса на покрив во Атина. Вакви мотиви се појавуваат во многу градови во Европа.
Фотографија: picture-alliance/ANE
Моден детал
И дизајнерите во меѓувреме посветено работат со новиот моден детал. Не сите нивни креации се во согласност со стандардите на СЗО. На неделата на модата во Њујорк, во февруари 2020 година, значи уште пред избивањето на епидемијата на корона во цел свет, оваа манекенка презентираше декоративна маска од нежен штоф, која во никој случај не претставува заштита од зараза.
Фотографија: Getty Images/NYFW - The Shows
Маски на модна писта
Дали овој модел од една американска модна куќа е соодветен за секојдневието? Во секој случај, додека се носеше на неделата на модата во Њујорк, таа делуваше повеќе како накит. Но, носење маска од штоф е се’ уште подобро од неносење никаква маска. Луѓето кои сакаат мода сега се обидуваат здодевните бели маски да ги направат индивидуални и декоративни.
Фотографија: Getty Images/NYFW - The Shows
Дизајнерски маски
Некои дизајнери ги открија маските како нов бизнис-модел за браншата која е падната на колена поради пандемијата. Млади, непознати, но и реномирани дизајнери во моментов создаваат и шијат маски полни со фантазија. Заштитните маски веројатно во музеј ќе завршат како Корона-мода од годината 2020-та.
Фотографија: Getty Images/S. Gallup
Да одговара на вратоврската
Мажите кои сакаат да се облечени стилски и далеку од актуелните модни трендови, и во корона-време настојуваат да прикажат едноставна елеганција. Една берлинска мануфактура за вратоврски нуди и маски кои одговараат на „пеперутката“. Некои од моделите се веќе распродадени.
Фотографија: picture-alliance/dpa/C. Koall
Традиционални маски
Секоја германска покраина имаше различни правила за носење маски, а од 27 април маските се задолжителни во цела земја. Локални здруженија, кои ја имаат традицијата во фокус, ги користат маските и за регионална порака: „Домот е таму, каде што сум јас.“ Бо Баварија, се разбира, маските се карирани и во сино-бела боја - со мотив од кралот Лудвиг за мажите и на принцезата Сиси за дамите.
Фотографија: picture-alliance/dpa/F. Hörhager
Еколошки маски
Кој смета дека модните детали се непотребна потрошувачка, може да посегне и по природни материјали. И, да направи маска сам. Важно е само да се покриени устата и носот. Еве како оваа девојка од Појасот Газа ја направила својата маска.
Фотографија: Getty Images/AFP/M. Abed
Уметност во доба на корона
Маските се одамна пристни и во делата на сликарите и скулпторите. Ги има насекаде - на слики, постери, скулптури... Полскиот скулптор Игор Миторај и’ стави заштитна маска на својата голема скулптура поставена на плоштад во Краков.