Златна заштита од Ковид-19
Индија е на третото место на листата на најпогодени земји од коронавирусот со преку 700 илјади инфицирани лица. Посебно погоден е градот Пуне. Локалниот бизнисмен Шанкар Курхаде ја почитува мерката за носење на заштитна маска со доза на екстраваганција. Неговата маска е направена од злато, тешка е 50 грама и чини 3870 американски долари.
Како уметниците работат со корона-маските
Носењето заштитни маски во време на пандемија стана вообичаена слика на улиците ширум светот. Уметниците се обидуваат да внесат различност и нудат поинакви модели на ист производ. Еве неколку примери.
Графити-маски
Меѓународната стритарт-сцена одамна ги откри белите заштитни маски како декоративен елемент. На фотографијата 16-годишниот стритарт-уметник С.Ф. со спреј работи на слика од голем формат на една тераса на покрив во Атина. Вакви мотиви се појавуваат во многу градови во Европа.
Моден детал
И дизајнерите во меѓувреме посветено работат со новиот моден детал. Не сите нивни креации се во согласност со стандардите на СЗО. На неделата на модата во Њујорк, во февруари 2020 година, значи уште пред избивањето на епидемијата на корона во цел свет, оваа манекенка презентираше декоративна маска од нежен штоф, која во никој случај не претставува заштита од зараза.
Маски на модна писта
Дали овој модел од една американска модна куќа е соодветен за секојдневието? Во секој случај, додека се носеше на неделата на модата во Њујорк, таа делуваше повеќе како накит. Но, носење маска од штоф е се’ уште подобро од неносење никаква маска. Луѓето кои сакаат мода сега се обидуваат здодевните бели маски да ги направат индивидуални и декоративни.
Дизајнерски маски
Некои дизајнери ги открија маските како нов бизнис-модел за браншата која е падната на колена поради пандемијата. Млади, непознати, но и реномирани дизајнери во моментов создаваат и шијат маски полни со фантазија. Заштитните маски веројатно во музеј ќе завршат како Корона-мода од годината 2020-та.
Да одговара на вратоврската
Мажите кои сакаат да се облечени стилски и далеку од актуелните модни трендови, и во корона-време настојуваат да прикажат едноставна елеганција. Една берлинска мануфактура за вратоврски нуди и маски кои одговараат на „пеперутката“. Некои од моделите се веќе распродадени.
Традиционални маски
Секоја германска покраина имаше различни правила за носење маски, а од 27 април маските се задолжителни во цела земја. Локални здруженија, кои ја имаат традицијата во фокус, ги користат маските и за регионална порака: „Домот е таму, каде што сум јас.“ Бо Баварија, се разбира, маските се карирани и во сино-бела боја - со мотив од кралот Лудвиг за мажите и на принцезата Сиси за дамите.
Еколошки маски
Кој смета дека модните детали се непотребна потрошувачка, може да посегне и по природни материјали. И, да направи маска сам. Важно е само да се покриени устата и носот. Еве како оваа девојка од Појасот Газа ја направила својата маска.
Уметност во доба на корона
Маските се одамна пристни и во делата на сликарите и скулпторите. Ги има насекаде - на слики, постери, скулптури... Полскиот скулптор Игор Миторај и’ стави заштитна маска на својата голема скулптура поставена на плоштад во Краков.