Култура
Идилична културна престолнина
4 јануари 2019Реклама
Матера е еден од најстарите и најнеобичните градови во светот. Прочуен е по неговите пештерски домови во локалитетот Саси ди Матера ( карпи на Матера) кои се дел од листата на светско културно наследство на УНЕСКО. Се смета дека во овие живеалишта издлабени во варовничките карти луѓето започнале да ги прават уште пред 9000 години, што ги прави веројатно најстаро човечко живеалиште во Италија. Но градот со 60 илјади жители во областа Базиликата, може да се пофали и со други знаменитости а од вчера изгледа уште поидилично поради снежната покривка.