1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Миграција

Фотографија на денот: Илјадници мигранти тргнаа пеш кон САД

7 јуни 2022

Нов караван со илјадници мигранти од јужно Мексико тргна во насока на САД.

Mexiko | Migraten brechen in Tapachula zu Fuss Richtung Norden auf
Фотографија: Daniel Diaz/dpa/picture alliance

На пат кон север тргнаа илјадници мажи, жени и деца. Нивна појдовна точка беше градот Тапачула. Луѓето одат пеш, а нивна цел е да стигнат на границата со САД такаречи навреме за почетокот на американскиот самит во Лос Анџелес, кој американскиот претседател Џо Бајден треба да го отвори во среда. Мигрантите потекнуваат главно од Венецуела.

„Денес на шефовите на држави или влади на САД и сите други земји кои доаѓаат на американскиот самит им порачуваме: мигрантските семејства не се средство за размена за идеолошки и политички интереси“, изјави активистот Луис Гарсија Вилагран, кој е дел од караванот.

На американскиот самит, меѓу другото, треба да се постигне и договор за миграцијата. Поради незадоволство од начинот на којшто американската влада испратила покани за самитот, своето учество го откажаа неколкумина претседатели на американски држави, меѓу кои и претседателот на Мексико, Андрес Мануел Лопез Обрадор, чија земја е важен партнер на САД во врска со миграциски прашања. Американската влада не ги покани на самитот лидерите на авторитарните држави, како Никарагва, Венецуела и Куба.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми